Заричzt
| Зарич Ψηλή Ράχη | |
|---|---|
Зарич | |
|
Местоположба во областа Зарич | |
| Координати: 41°12′N 24°20′E / 41.200° СГШ; 24.333° ИГДКоординати: 41°12′N 24°20′E / 41.200° СГШ; 24.333° ИГД | |
| Земја | Грција |
| Област | Источна Македонија и Тракија |
| Округ | Драмски округ |
| Општина | Бук |
| Општ. единица | Нусретли |
| Надм. вис. | 349 м |
| Население (2011)[1] | |
| • Вкупно | 215 |
| Часовен појас | EET (UTC+2) |
| • Лете (DST) | EEST (UTC+3) |
Зарич (грчки: Ψηλή Ράχη , Ипсили Рахи)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Содржина
- 1 Географиja и местоположба
- 2 Историја
- 3 Демографија
- 4 Наводи
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 25 километри источно од градот Драма и на 24 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 349 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било прекрстено во Ипсили Рахи.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
До 1928 година во селото биле населени 803 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 803 жители, додека во 1940 година селото броело 1126 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 931 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 805 жители, во 1971 година имало 507 жители, во 1981 година имало 302 жители, додека во 1991 година имало 262 жители[6]. Денеска, населението на селото е 215 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 1126 | 931 | 805 | 507 | 302 | 262 | / | 215 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 27.
| ||||||||||||||